За десет дена 835 казни за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за десет дена, од 31 декември 2020 до 9 јануари 2021 година, се санкционирани 6.489 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Според Министерството, 414 санкции се за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола), 520 за возење без возачка дозвола, 185 за возење под дејство на алкохол, 835 за возење со брзина поголема од дозволената и 312 за непрописно престигнување.

-Засилените контроли влијаат врз намалувањето на бројот сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот, наведува МВР.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја