За денеска закажани три собраниски седници

Од:

Собранието на Република Македонија за денеска треба да расправа по закони и одлуки кои се на дневен ред на три седници.

На дневен ред на 54-та седница, меѓудругите, се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за хемикалии, во прво читање, Предлог на закон за урбано зеленило, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик на Република Македонија, како и барањето за давање на автентично толкување на член 5-б став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Во рамки на 43-та седница, пак,  македонските парламентарци треба да го разгледаат Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.

На дневниот ред на 58-та седница, која е трета што Собранието ја закажа за денеска, е само Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска