За да и го земе детето по разводот, стружанец извадил лажно уверение дека поранешната сопруга е луда

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека стружанец од својата сестра која работи како лекар, добил лажно уверение дека неговата поранешна сопруга има психички проблеми, за да го добие старателството врз детето.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ш.(61) од струшко, А.А.(23) од струшко и А.М.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „издавање и употреба на невистинито лекарско уверение“.

Во текот на 2019, А.А. со цел да го добие детето во бракоразводна парница, решил да обезбеди невистинито лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна и ја ангажирал А.М. – негова сестра да му обезбеди лажно лекарско уверение. На 03.12.2019 година, без присуство на оштетената, која се наоѓала надвор од државата, извадила уверение кое му го предала на нејзиниот брат да го приложи како доказ во Меѓуопштински центар за социјални работи, кое го примил Е.Ш.“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби