За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

Од:

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање во дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што живеат, како што објави „Макфакс“, досега пристигнале 528 пријави.

Повикот беше отворен на 9, а ќе трае до 23 август, и државјаните на Македонија што живеат во странство ќе може да се пријават за гласање на референдумот. Гласањето на дијаспората ќе се спроведе на 29 септември.

Доколку решат да дојдат во Македонија и да се изјаснат тука, тогаш иселениците нема потреба да се пријават во овие претставништва или преку апликацијата, нивните имиња се заведени со последната пријавена адреса во Македонија.

ДИК имаше задача да ги надмине неусогласеностите меѓу Изборниот законик и Законот за референдумот, со што овозможи и дијаспората да се изјасни на референдумот. Гласањето на дијаспората досега не беше опфатено со Законот за референдумот, иселениците добија можност да гласаат од 2011 година.

До 23 август трае и рокот за увид во Избирачкиот список. Доколку граѓаните забележат неправилности или недостатоци и доколку сметаат дека е потребно да побараат измена, дополнување или бришење на податоците, тоа ќе може да го направат со барања што треба да ги поднесат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски