А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За четири дена 39 сообраќајки на подрачјето на Скопје

by А1он09/09/2014 - 10:21198
Share0

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 39 сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Во петокот, на 5 септември, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила во 11 часот на бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „Лазар Личеноски“ во која учествувало патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и истиот со возило е пренесен во Ургентниот центар.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата, на 6 септември, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и 11 со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле 19 лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 17 часот и 10 минути на крстосницата од ул. „Ресенска“ со ул. „Втора македонска бригада“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во неделата, 7 септември, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и двајца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во понеделникот, 8 септември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од страна на сообраќајната полиција. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 13 часот. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 51 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 52 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 20 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на обележан пешачки премин, 30 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 95 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 88 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска има најава за вонреден настан. Во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне претседателот на Владата на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. За време на движењето на колоната возила под придружба кон градот Скопје, како и по сообраќајниците низ градот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сообраќајници. Сообраќајната полиција апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од нејзина страна да бидат внимателни и трпеливи. Веднаш по поминувањето на колоната под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани мерки за целосно регулирање на сообраќајот.

skopjesoobrakajki

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

38-годишен охриѓанец измами граѓани од Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Горан Наумовски05/02/2026 - 14:32

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен