За четири дена 36 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 36 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 5 декември, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во сабота, на 6 декември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило, а со телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник.

Во недела, 7 декември, извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.

Во понеделник, 8 декември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случиле и четири незгоди со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле тројца пешаци и еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Во текот на продолжениот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 47 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 15 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 14 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие четири дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 65 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на своите превентивни активности денеска ќе реализира работилници во основното училиште „Даме Крапчев“ во населба Ченто, кое се наоѓа на територијата на општина Гази Баба.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка