За четири часа два несреќни случаи во Кочани

Од:

За неколку часа во Кочани се случија два несреќни случаи. Синоќа во Брзата помош во Кочани била донесена мртва 62 годишна жена.

Стројманка Милошева, паднала од терасата на својот стан на 5-ти кат и веднаш починала. Неофицијално Милошева разговарала на мобилен со својата ќерка, во еден момент се фатила за оградата се лизнала и паднала.

Од полицијата велат дека веројатно се работи за несреќен случај бидејќи оградите биле со нестандардна височина и пониски од предвиденото. Соседите изјавуваат дека не виделе како се случил настанот, туку само го слушнале падот.

„Си седевме на клупата со сосетките и си разговаравме, кога одеднаж слушнавме тап, се свртевме и има што да видиме, меѓу автомобилите- тело. Се уште дишеше кога и пријдовме, повикавме Брза помош, но знаевме дека и нема спас, падна од петнаесетина метри “, вели една од соседките во зградата.

Четири часа подоцна од кровот на својата куќа паднал и 52 годишен кочанчанец. По невремето синоќа му се запушил олукот и вода почнала да му тече низ куќата, се качил на крвот да го исчисти насобраното ѓубре, но поради лизгавата површина изгубил рамнотежа и прво паднал на дрвото што се наоѓало покрај куќата, а потоа од височина од три метри и во дворот.

За среќа успеал да ги викне соседите, кои повикале Брза помош и кочанчанецот поради сериозноста на повредеите од кочанската болница е пренесен на Клиниките во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип