За 7 минути ВМРО-ДПМНЕ изгласа 10-катница на Водно, Шиповиќ го обезбеди кворумот

Од:

За само седум минути, советниците на ВМРО-ДПМНЕ  ги изгласаа спорните ДУП-ви и отворија врата за изградба на десеткатница на падините на Водно и уништување на зеленилото.

Позитивно гласаа 11 советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а против беше претседавачот на Советот Мирослв Шиповиќ. Но токму неговото присуство и гласање, иако гласаше против, им го обезбедија кворумот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку и Шиповиќ како и неговите колеги од СДСМ и коалицијата ја напуштеше салата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да можеше да го изгласа ДУП-от Тасино чешмиче 1. Тој не застана зад ставовите на неговата партија, СДСМ дека ставањето на дневен ред на овие точки е незаконско и ја  штити  урбаната мафија.

Не почитувајќи  го редоследот на дневниот ред, Шиповиќ, без присуство на градоначалникот и на советниците од неговата партија, ја продолжи седницата, прескокнувајќи ги другите точки каде Жерновски е предлагач.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски