За 500 евра за битолчани венчален прстен и виза за Шведска

Од:

„Jавна тајна во Битола е дека постои разработена мрежа на иселеници во Шведска кои за пари им наоѓаат брачни партнери на ергените и на момите од градот што сакаат да заминат во Скандинавија“, пишува денешен Дневник.

Станува збор за неколкумина иселеници на возраст од 30 до 40 години што живеат во Малме, Гетеборг и Стокхолм кои за паричен надомест од околу 500 евра земаат македонски ергени и девојки во Шведска и таму ги поврзуваат со потомци на наши иселеници, кои за брачен партнер сакаат друшка од стариот крај, посочува весникот повикуваќи се на изјавите на Битолчани што веќе биле во контакт со стројниците. Само лани, преку оваа мрежа биле склучени десетина бракови меѓу Битолчани и тамошни Македонци.

„Имам 40 години и не сум женет зашто немам работа и се уште живеам во двособен стан со моите родители. За празниците се сретнав со другари од детството кои сега живеат во Шведска и ми понудија да ми најдат невеста таму, да ме земат еден месец кај нив дома додека да се видиме со невестата, а потоа да направиме подготовки за свадба. За да ми најдат животна сопатничка, требаше да им дадам 500 евра уште кога ќе стигнам во Шведска“, вели за “Дневник” битолчанецот М. Ристевски.

„ Откако почна визната либерализација, претежно доаѓаат ергени, наводно како во туристичка посета, а првиот месец живеат во домот на стројникот. Уште пред да дојдат во странство невестата е најдена. Преку интернет на момчето му се испраќа фотографија од неа, а и други податоци. Kога ќе дојде во Шведска, се остварува првата средба, па ако си се допаднат, ја започнуваат постапката за венчавање. Ова е еден од начините што машките ги користат за да останат во Шведска“. раскажува 40 годишниот М. Димовски од Малме за„ Дневник“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола