За 24 часа во Скопје 14 сообраќајки, повредени 11 лица

Од:

Вкупно 14 сообраќајни незгоди, од кои седум со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Шеснаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 78 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Тефејуз“, општина Чаир.

Денеска со почеток во 12 часот Граѓанското здружение УНИТ пред Собранието на Република Македонија ќе одржи мирен протест.

Во сабота со почеток во 18 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Висла Полк, Полска.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ