Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г).
Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.