А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За 24 часа издадени 2.662 потврди за барање азил на мигранти

by А1он30/12/2015 - 11:4573
Share0

Во текот на вчерашниот ден на 2.662 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 1.105 се од машки пол, 565 се од женски, 989 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште три деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Добивај вести на вибер

МВР соопшти дека најбројни, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се државјаните на Сирија-1.444, Авганистан–623 и Ирак-595.

Во периодот од 19 јуни до 29 декември до 24 часот, издадени се потврди на 382.814 странски државјани од кои 206.710 се од машки пол, 64.733 се од женски, 93.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.103 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-213.480 потоа Авганистан-94.501, Ирак-53.392, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29 декември до Секторот за азил се поднесени 84 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29 декември евидентирани се 43 баратели на азил од кои 30 мажи, четири жени и девет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил (три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен