За 24 часа 10 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак, еден возач на мопед и еден мотоциклист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи. Од нив, 10 возачи не го носеле заштитниот шлем за време на управувањето. Исто така, откриени и санкционирани се и 12 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 14 возачи кои брзо возеле. Од нив, осум возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и 13 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 22 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Мајски цвет“, објект „Тафталиџе 1“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска има најава за организиран протест на група граѓани против загадувањето од страна на фабриката „Железара“. Протестот е со почеток во 17 часот на ул. „Коце Металец“. Поради тоа од страна на сообраќајната полиција ќе биде обезбедена физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски