А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За 17,5 проценти зголемен бројот на новородени деца во Кавадарци во 2012 година

by А1он02/01/2013 - 13:01246
Share0

За 17,5 проценти е зголемен бројот на новородени деца во акушерското одделение на општата болница во Кавадарци во 2012 година, споредено со 2011 година, информира началникот на акушерското одделение при општата болница во Кавадарци, примариус доктор Бранко Поповски.

Добивај вести на вибер

За зголемување на наталитетот, смета тој, има влијание и политиката на Владата, проектот за стимулации за трето и четврто дете.

– Последните десетина години не сме имале бројка од 581 новороденче како што имавме лани, потенцира синоќа Поповски, откако информира дека е женско првото родено бебе оваа година во Кавадарци.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов го посети првороденото бебе на Кавадарци за оваа година и го даруваше со подароци.

– Раѓањето на женско дете симболизира просперитет, плодност, бериќет. Се надевам дека и натаму ќе ни се зголемува наталитетот во општината и странските инвестиции, рече Панов.

Кавадарчанката Марија Димовска преку царски рез го роди своето прво дете. Бебето е тешко 3.450 килограми и долго52 сантиметри.

kavadarci

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он14/02/2026 - 09:49

Момче почина во кавадаречко Возарци

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:30

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:2426/01/2026 - 08:30

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 11:21

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 12:13

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен