За 12 часа казнети 992 возачи за брзо возење

Од:

Во текот на вчерашниот ден (10.7.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи.

Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место