За 10 месеци во Македонија се посвоени 133 деца

Од:

За период од 10 месеци, во Македонија, на посвојување се дадени 133 деца, а во периодот откако Комисијата почна да го применува новиот софтвер за посвојување, односно од мај 2012 година до овој момент, на посвојување се дадени 91 дете, истакна денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски посочувајќи на резултатите од измените во Законот за семејство во делот што се однесува на посвојувањето.

– Само колку за споредба, изминатите години, пред да бидат направени измените, во просек годишно се посвојуваа од 50 до 70 деца. Разликата е евидентна. Овој интензитет и начин на работа, јавно уверувам дека ќе продолжи и во иднина, со иста динамика – рече Ристовски и се заблагодари на лекарската комисија, која, подвлече, придонела во создавањето позитивни резултати.

Министерот Ристовски информира дека во моментот во Регистарот на можни посвоеници се запишани 80 деца, а во регистарот на можни посвоители се запишани 335 посвоители. Од запишаните 80 деца кои ги исполнуваат условите за посвојување, 17 се со поволни развојни потенцијали и за нив нема заинтересирани македонски посвоители бидејќи децата се од друга националност. Нема заинтересирани посвоители и за 12 деца со лесно отстапување во психомоторниот развој, за 24 деца со средно отстапување, како и за 21 дете со тешка психомоторна попреченост.

– Од овие податоци произлегува дека за 74 деца запишани во Регистариот за посвојување нема заинтересирани посвоители, што значи, од 335 посвоители никој не е заинстересиран за овие 74 деца кои што ги исполнуваат сите услови да бидат дадени на посвојување – рече министерот.

Според него, причина за оваа појава е што во поднесената документација за посвојување имаат наведено специфични барања како што се: детето да е здраво, да е на возраст до една година, да е машко или женско, па дури, посочи, има и барања во поглед на физичките карактеристики. Поради ограничувањата кои самите си ги поставуваат при изборот, посочи Ристовски, се случува некои од посвоителите да чекаат и по неколку години за да посвојат дете. Тој истакна дека сите оние посвоители кои немаат ограничувања во изборот, може да се случи само за една недела да се појават како најповолни посвоители за одредено дете и тоа да им биде доделено.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски апелираше до сите оние кои сакат да посвојат дете да ги либерализираат своите барања, затоа што, подвлече, сите деца се исти без разлика на полот, бојата на кожата, националноста или религиската припадност.

Инаку, со измените во Законот направена е промена на софтверот за посвојување кој овозможува изборот по електронски пат да се прави без оглед на местото на живеење на посвоителите и посвоеникот односно воведен е централизиран систем на посвојување, воведен е нов Правилник за посвојување, формирана е лекарска комисија за давање наод и оцена на здравствената состојба на децата, нов Правилник за категоризација. Направена е и единствена листа на најсоодветни посвоители за територијата на Република Македонија, скратени се роковите за постапување од страна на Центрите за социјална работа и стручните работници, а воведени се и глоби за постапување во дадените рокови.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он