„Wi-fi“ зони со бесплатен интернет во сите 12 населени места во општина Илинден

Од:

Со воведување „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, oпштина Илинден го реализираше проектот за  воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места. „Wi-fi“ зоните, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет се лоцирани во новоизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект „10 Домови на културата“.

– Со реализацијата на овој проект жителите на општина Илинден сега имаат квалитетен пристап до повеќе информации, како и комуникација со локалната власт, при што по електронски пат можат да се информираат за тековните активности на општината, но и можност преку страницата „Е Општина-пријави проблем“ да ги пријават проблемите со кои се соочуваат секојдневно, информира општина Илинден.

Бесплатен интернет граѓаните ќе можат да користат во зоните  за слободен пристап на безжичен интернет во домовите на култура „Илинден“, „Кадино“, „Мралино“, „Текија“, „Дељадровци“, „Бујковци“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Ајватовци“, Канцеларијата за односи со јавноста во Миладиновци и Образовниот спортски центар.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош