(ВИДЕО) Вуинов: Емил Дончев и ДПМНЕ си ги остваруваат делата само за себе

Од:

Кандидатот на градоначалник на општина Виница од редовите на „Сојузот за иднината“, Венцо Вуинов посочи на неажурното работење на актуелниот градоначалник Емил Дончев. Вуинов рече дека Дончев воопшто не се грижи за граѓаните на Виница.

„Започна кампањата за локалните избор и и нашиот заспан градоначалник Емил Дончев, во последните денови од својот мандат започна ископување за промена на водоводната инсталација во централното градско подрачје.

– Добро е што започна, но зошто мораше со работа да се стартува од улицата каде што живее директорот на ЈП Солидарност, Игор Спасовски. Овие луѓе околу градоначалникот Емил Дончев, мислат само за себе, а не за граѓаните на Виница. Зарем само тие треба да имаат здрава вода за пиење.

– Јас како градоначалник на општина Виница ќе се заложам старите водоводни линии да бидат заменети во целост, затоа што сите граѓани на Виница заслужуваат во 21 век да имаат здрава вода за пиење. Како што можете да видите почитувани мои виничани, Емил Дончев и ВМРО-ДПМНЕ делата си ги остваруваат само за себе, а не за сите граѓани на Виница“, изјави кандидатот на градоначалник на општина Виница од редовите на „Сојузот за иднината“, Венцо Вуинов.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226