Вучиќ: Едно лице од Македонија загина во трагичниот настан во Нови Сад

Од:

По повод трагичниот настан што се случи денеска кога се урна дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 14 лица, се огласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во име на сите граѓани на нашата земја изразувам сочувство до семејствата и роднините на загинатите во несреќата во Нови Сад, рече претседателот.

– Не снајде голема трагедија. На главната Железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините – рече Александар Вучиќ.

Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски, рече Вучиќ.

– Го молам Вишото обвинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и строго казнети. Претпоставувам дека некој ќе даде одговори зошто таа настрешница не е реконструирана. Тие што ја дизајнирале, можеби ја извршиле, едно сигурно се одговорни оние чија должност беше сообраќајната инфраструктура и безбедноста на нашиот народ. Тоа значи дека во иднина ќе треба многу почесто да ја поправаме целата наша инфраструктура. Се уште не ни го знаеме името на девојчето меѓу 6 и 7 години кое почина, како можете да го оправдате тоа. Одговорните, ве уверувам, ќе бидат казнети, ни останува да се помолиме за упокојување на душите на паднатите ангели и да видиме како можеме да се промениме себе си и нашата земја за да не се повтори вакво нешто – рече Вучиќ.

На железничката станица во Нови Сад во 11 часот и 50 минути се урна бетонската настрешница на зградата на станицата, соопшти претходно Железничката инфраструктура на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Демонстрантите направија хаос во Нови Сад, жена во солзи моли: „Имам две мали деца во автомобилот“

Горан Наумовски