Второ пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта

Од:

Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување  ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.

Првото пријавување за упис во средните училишта за гимназиско, стручно и уметничко обазование, и за спортската академија се одржа на 28-ми и 29 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места беа објавени на 30 јуни.  

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а објавувањето на резултатите и слободните места е следниот ден (25 август). 

Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат местата утврдени со Конкурсот што го објави Министерството за образование и наука ќе продолжат со запишување ученици до 31 август. 

Би можело да ве интересира

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари

Нема да се намали бројот на паралелки во Кочани, наставниците се враќаат на работа

Левица: Зголемен број на наставници, намален број на ученици – 73% од учениците се функционално неписмени

Горан Наумовски

Левица: Училиштата да обезбедат систематски и ефективни обуки за самозаштита на учениците

Ученици од Крива Паланка собираат донации за семејствата на настраданите и повредените во Кочани

Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши