Во тек е втората средба на средношколците во Министерството за образование и наука, претставниците на Средношколскиот пленум Ангела Најдоска, Александар Милевски и Дејан Трајковски, утрово отидоа кај МОН за да ги соопштаат барањата на средношколците кои четири недели бараа средба со министерот Адеми.
Нивните барања се враќање на стариот концепт на полагање на државна матура. Законот за екстерното тестирање да биде ставен во мирување и електронското полагање на државна матура да се укине.
Средношколците вчера поставија шатори за кампување во Паркот на новинарите, наспроти Министерството за образование. Тие ја поминаа и ноќта во кампот а им се придружија и родители и граѓани
А.Б.