Националната конвенција за Европската унија во РМ денеска ќе ја одржи Втората сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Механизми за ефективна борБа против корупцијата“.
На дебатата се очекува да се вклучат претставници на релевантните институции, претставници на академската средина, граѓанскиот сектор, меѓународни здруженија и заинтересирани стручни лица. Најавено е присуство на министерката за правда Рената Дескоска, амбасадорот Мухамед Халили и Петар Коварик од Кабинетот на Претседателот Владата на Република Словачка.
На сесијата ќе се разгледаат прашања поврзани со корупцијата како проблем, кој е сраснат со целокупното општествено ткиво и кој е една од главните пречки во европската перспектива на земјава.
Учесниците на дебатата ќе зборуваат за надминување на овој проблем преку практики во борбата против корупцијата и ќе ги разгледаат можните ефективни мерки поврзани со легислативата, институциите и поширокиот културен контекст.
НКЕУ-МК претставува платформа, која дава можности да се вклучат стручни лица од повеќе области и преку дебати помага во забрзувањето на евроинтеграцискиот процес на државите-кандадтки за пристапување во Унијата.