Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот

Од:

На Универзитетот ФОН попладенво се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани.

Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, ректорот на Универзитетот Нано Ружин, универзитетскиот професор Темелко Ристовски, а воведничар е деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Првата од серијата дебати за уставните измени се одржа вчера во Владата, а беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.

Премиерот Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

Според Заев, се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.

По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај од јавната расправа до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.

Би можело да ве интересира

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Горан Наумовски

Маричиќ: Скринингот на ЕУ ќе заврши во декември и тука ќе застанеме бидејќи не поминаа уставните измени

Орце Костов

Пендаровски: Јасно е дека на декемврискиот Самит нема да има позитивна одлука за нас