Втора филмска манифестација „Џифони Македонија“

Од:

Со препознатливи виолетови маички, учениците од неколку основни училишта на територија на општина Карпош, се придружија кон филмската манифестација „Џифони Македонија“, која се одржува по втор пат.

Петдневното дружење, во Кинотеката на Македонија, на 125 основци, ќе биде збогатено со филмски проекции, работилници, дружба преку игра и многу други активности во знакот на мотото „Крстосници“ на овогодинешното издание.

Денеска, учениците од ООУ „Братство“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Аврам Писевски“, ООУ „Јан Амос Коменски“, ООУ „Димо Хаџи Димов“, ООУ „Вера Циривири Трена“, ООУ „Војдан Чернодрински“ и приватното основно училиште „Нова“, го проследија долгометражниот руски филм „Чесен пионерски збор“, а присутните гости од Русија, двајцата продуценти на филмот, беа задоволни од огромната заинтересираност и посетеност на фестивалот.

За пофалба беа учениците, кои по проекцијата, заинтересирано дебатираа на филмската тема.

Овој ден, беше исполнет со извидничка група кои на интересен начин ги едуцираа учесниците преку спортски игри. Дружењето преку целиот ден се одвива во четири работилници на различни теми: креативно – едукативен „Светилник“ каде учесниците разговараат за човечките чуства и емоции, Флеш моб „Еурека“ каде се организира група за танцување, театар „Крстопат“ каде што учесниците имаат можност да учествуваат во театарски претстави и да се претворат во актери и последната работилница е „Градиме стил“, во која се изработуваат алки, ѓердани и ракотворби.

На 12 октомври, 2014 година, недела, со почеток во 19.30 часот, во кино „Милениум“, ќе се одржи свеченото затворање, а на истото ќе биде изложен рачно изработениот накит. Истата вечер, ќе се презентира и целосниот финален производ од тековните работилници за време на филмската манифестација „Џифони Македонија“.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец