Втора дезинфекција на објектите во надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Од:

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републикава изврши втора дезинфенkција на четирите катни гаражи со кои стопанисува.

Станува збор за катните гаражи „Кресненско востание“, „Разловечко востание“, „Солунски конгрес“ и „Смилевски конгрес“. Дезинфицирани се и заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите и патеките на движење).

Од претпријатието најавуваат дека ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба ќе продолжи согласно препораките на Владата.

Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на 20-те социјални згради низ државата.

– По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендерите, информираат од претпријатието.

Дезинфекција е спроведено и во сите 11 подружници на претпријатието.

Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски