Втор обид за наоѓање изведувач за фасада и осветлување на Владата во барок-стил

Од:

Неуспешниот исход за пронаоѓање компанија што ќе ја реконструира зградата на Владата ја натера Службата за општи и заеднички работи на Владата да објави нов тендер за избор на најповолен понудувач за реконструкција на фасадата и осветлувањето на објектот.

Неокласицистичкото идејно решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, според огласот, ќе може да го изведат и два различни субјекта. Една фирма би ги имплементирала новите фасадни елементи, според стилот на проектот „Скопје 2014“, додека втората фирма би ја изработила „архитектурата со конструктивен систем и илуминација“.

Согласно постоечката документација, површината на објектот ќе порасне од 35.200 на 42.240 метри квадратни и ќе се гради во неокласичен стил.

Компаниите своите понуди треба да ги достават до 22 февруари а како главен критериум за добивање на тендерот се наведува цената.

За зградата да биде во барок, имаше конкурс со понуди од различни стилови, а според она што беше официјално објавено, граѓаните се одлучиле премиерот и дел од министрите да работат во зграда во барок- стил. Авторот на оригиналниот проект за зградата, Петар Муличковски се спротивстави на ова решение на изјави дека се прекршени неговите авторски права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски