Втор обид судиите да одлучат дали снимките од „Јутјуб“ ќе бидат доказ против Заев

Од:

Денеска во 11.30 часот Апелациониот суд ќе ја одржи јавната седница на која треба да одлучува по жалбата на адвокатите на премиерот Зоран Заев. Но, пред апелационите судии да расправаат дали видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката, во кривичниот суд е закажано судењето за случајот „Поткуп“ во кој Заев е обвинет за примање поткуп.

Претходната расправа во Апелациониот суд по жалба на адвокатите на Заев беше одложена на неопределено време. Причината за одлагањето е тоа што судијата Африм Фидани стана врховен судија.

Судија известител за предметот, како што е објавено на веб-страницата на судот, е новоизбраната апелациона судијка Тања Милева, која е сопруга на членот на ДИК, Игор Милев, кој, пак, поднесе оставка на функцијата.

Еден од адвокатите на Заев, Ване Андреев, изјави дека очекува судењето за Заев во кривичниот суд да биде повторно одложено бидејќи апелационите судии сè уште не одлучиле за жалбата за ПИ-мерките, а и самиот предмет не се наоѓа во кривичниот суд.

Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Горан Наумовски

Кривична пријава против двајца полициски службеници поради примање поткуп

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески