Втор ден расправа во Собранието, до полноќ треба да се гласа за новата Влада

Од:

Пратенците денеска втор ден ќе дебатираат за понудениот предлог за составот на новата Влада како и за програмата за работа што ја понуди мандатарот Димитар Ковачевски.

Вчера по експозето на Ковачевски во кое тој вети решавање на енергетската и економската криза, раст на стандардот, платите и на пензиите како и цврсти позиции во идентитетските прашања во процесот со Бугарија, пратениците од власта и од опозицијата влегоа во расправа дебатирајќи секој од своите позиции.

Опозцијата тврди дека оваа влада нема легитимитет и оти се неопходни брзи предвремени избори. Пратениците на владеачките партии пак велат дека со новата Влада ќе биде обезбеден континуитет во политиките, а дека легитимитетот добиен на изборите пред две години е потврден со влезот на Алтернатива во мозинството.

Расправата за избор на нова влада трае најмногу два дена. Гласањето мора да се случи пред полноќ на вториот ден, За да биде изгласана владата потребно е да има поддржка од најмалку 61 пратеник.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието