Втор ден министерски форум во Подгорица – потпишано писмо со намери за важноста на имунизацијата

Од:

На дводневниот министерски форум на земјите од ЈИЕ во Подгорица, на кој учествува министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска е потпишано писмо за намери, во кој се потенцира важноста на имунизацијата, како приоритет на земјите членки од ЈИЕ и претставува значајна здравствена, социјална и економска вредност. Писмото со намери го потпишаа 12 земји членки од ЈИЕ, меѓу кои Македонија, Бугарија, Хрватска, Малта, Босна, Србија и други, каде се потенцира дека процесот на имунизација е интегрален дел од добриот и функционален здравствен систем и е во согласност со Акцискиот план за вакцини во Европа 2015-2020, како и Програмата на СЗО 2020.

Согласно Акцискиот план, приоритетни области во кои ќе се делува со повеќе предлог-активности, кои ќе бидат насочени кон:
-набавка на квалитетни вакцини
-ефикасна контрола врз процесот на имунизација
-пристапност до вакцините, посебно за мигранти и малцинства
-континуирана промоција на бенефитите од вакцинацијата.

Во рамки на фoрумот, министерот Филипче, вчера, оствари работни средби со д-р Сузана Јакаб, регионален директор на СЗО за Европа, како и со министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува