Врие во ДУИ во Струга

Од:

Кандидатурите за градоначалници кои огранокот на партијата во Струга треба да ги испрати до централата во Мала Речица до понеделник за зовреа атмосферата во ДУИ.

Како што велат партиски извори за А1 на седницата на локалното претседателство која се одржала синоќа единствено свои кандидатури поднеле актуелниот струшки градоначалник Рамиз Мерко кој е и претседател на огранокот на ДУИ во Струга и неговиот потпретседател инаку поранешен директор на затворот во Струга, Мурат Љумани.

Кандидатируте и на двајцата биле како самостојни, иако статутот на партијата предивудавл дека кандидатури треба да пристигнат и од подграноците на партијата, што кај дел од членството предизвикало големи реакции поради наводното непочитување на статутот на партијата велат нашите извори.

Градоначалнички амбиции неодамна пројави и поранешниот министер за образование Азис Положани, а во последниот период се споменуваше и името на пратеникот Арбен Лабуништи. Партиски извори од ДУИ велат дека на овој начин Мерко сака на мала врата да ја протне својата кандидатура за градоначалник и пред време да се прогласи како кандидат на ДУИ, иако наредбата од Мала Речица била дека ограноците до централата треба да испратат неколку предлози за кандидатури.

Неофицијално и Положани и Лабуништи до понеделник или некој дополнителен рок кој што ќе го даде раководството ќе испратат свои кандидатури за градоначалници. Сепак главната битка во ДУИ за Струга ќе се води помеѓу Мерко и Положани. Како што објавивме неодамна зад Положани стои интелектуалното крило во партијата, а зад Мерко Рафиз Алити и Гзим Острени

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик