Врховниот суд решава за притворените пратеници

Од:

Врховниот суд денеска ја почна, но кусо потоа даде пауза на јавната седница на која треба да одлучува за притворите на обвинетите од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.

Станува збор за вкупно 13 жалби за 15 обвинети меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, оперскиот пејач Игор Дурловски како и полицискиот службеник Мунир Пепиќ.

На самиот почеток дадена е пауза од 45 минути бидејќи, како што објасни претседателот на Врховниот суд и претседавач со петчлениот судски совет, Јово Вангеловски, пред почетокот на седницата бил доставен предлог од Јавното обвинителство, кој треба да им се достави на адвокатите на обвинетите.

На јавната седница не е присутен обвинетиот Оливер Поповски, поранешен началник за обезбедување во МВР. Неговиот адвокат реагираше на почетокот на седницата зошто не е донесен неговиот клиент, иако, како што рече, жалбата била уредно доставена, по што се согласи да се одржи јавната седница без присуство на Поповски.

Муковски, Василевски и поранешниот министер на МВР, Митко Чавков се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески