Врховиот суд ја уважил жалбата на исклучените синдикати од ССМ

Од:

Синдикатите кои беа исклучени од Сојузот на синдикати на Македонија денеска информираа дека Врховниот суд донел решение со кои се уважува нивната жалба и му се наложува на Управниот суд да постапи во прилог на овие синдикати.

Адвокатот Звонко Давидовиќ денеска на прес-конференција образложи дека ваквата одлука на Врховниот суд значи дека треба да се спроведе решението на Министерството за труд и социјална политика со кое Дарко Димовски треба да се впише како претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Врховниот суд постапи законито, ги укина одлуките на Управниот суд и му наложи мериторно да одлучи. Ова за синдикатите значи дека треба да се спроведе решението на министерот за труд и социјална политика и Дарко Димовски да се впише како претседател на Сојузот на синдикатите, истакна Давидовиќ.

Управниот суд, како што појасни Давидовиќ, нема рок во којшто треба да донесе одлука, но се надева дека судот ќе постапи по решението на Врховниот суд.

Според Давидовиќ, во целиот процес на избор на претседател на ССМ и негово впишување во Централниот регистар направени се неколку отстапки. Централниот регистар, како што појасни, постапил надвор од овластувањата, а министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими донел решение во прилог на Живко Митревски врз основа на бланко изјави со поддршка од претседателите на гранковите синдикати во ССМ.

Синдикатите кои водат судски спор против Митрески апелираат тој да ја напушти функцијата бидејќи, според нив, за време на неговото работење како претседател направени се големи штети на ССМ.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он