Врховен суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја усмрти Фросина Кулакова.
Ова значи дека неговата казна од 13 години затвор останува на сила, и тој веќе нема правни мерки со кои би можел да ја ублажи казната.
– Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, се вели во известувањето од Судот.
