Времето посвежо со дожд попладне

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во западните и во северните делови ќе има зголемување на облачноста проследена со локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има и услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд