Времето денеска сончево со температури до 18 степени

Од:

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 17 степени.

И в петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.

В понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег