Времето денес облачно, студено и врнежи од снег

Од:

Времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови.

На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 0 до 4 степени.

Во Скопје се очекува облачно и студено со врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

На Пелистер падна снег

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег