Времето денес: Облачно со дожд и ветер, локално услови за град

Од:

Променливо облачно време со засилен јужен ветер ќе преовладува денеска во земјава.

Синоптичарите најавуваат повремен дожд уште од изутрина. На место ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени.

Во Скопје слично време со појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 13 степен, а дневната до 24 степен.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе бидат помали.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен