Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Од:

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. За ова попладнево информираа од Детската клиника.

– Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

– Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка – инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

– Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.

Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти за двајцата директори ќе се преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.

– Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените … нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам – грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори тој на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ