Времен сообраќаен режим во недела кај судовите

Од:

Град Скопје информира дека во период од 08.30 до 11.30 часот, целосно ќе се затвори сообраќајната лента за десно вртење во насока од Бит Пазар кон Стоковна куќа – Илинден.

Сообраќајната лента ќе се затвори поради санирање на индуктивни јамки кои се користат за броење на возила, за потребите на ЦУКС.

Автобусите кои по својата траса ја користат десната лента, при движење од булевар „Крсте Мисирков“ кон булевар „Гоце Делчев“, во претходно посочениот период, ќе имаат изменета траса, и тоа преку булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, и улица „Димитрие Чуповски“, а понатаму продолжуваат по својата траса. Во обратна насока, автобусите ќе ја задржат постоечката траса.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски