Времен режим на улица Даме Груев в недела

Од:

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека на 7 мај, недела поради изведба на градежни активности за асфалтирање со порамнителен слој на асфалтна маса на улицата Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена едната коловозна лента, велат од ЈП Улици и патишта Скопје и апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја