Времен прекин на струја во делови од скопски општини

Од:

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисници од дел од ул.„Боца Иванова“ во општина Бутел, а од 8:45 до 10:45 часот корисници од бул. „Видое Смилевски Бато“ бр. 41 и околните објекти, како и од бул. АСНОМ бр. 38 и 42 со околните објекти во општина Аеродром.

Прекин во електричната енергија утре од 12:45 до 14:45 часот ќе има и за корисниците од ул. „Тодор Чангов“ кај подулиците 41, 47, 49, 51, 53, 55 и други во непосредна близина во општина Аеродром, од 14:30 до 18:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ кај новиот кружен тек и подулиците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во општина Кисела Вода, а од девет до 13 часот корисниците од дел од село Кондово во општина Сарај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата