„Вредно е“- петиција за спас на Охридско езеро

Од:

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 40та седница во Истанбул, изразил сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид, поради бројните инфраструктурни проекти кои беа предложени, што потврдува дека тие најверојатно би предизвикале значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид.

По одлуката на Комитетот, неколку еколошки активисти покренаа кампања „Вредно е!“, а од вчера е распишана и онлајн петиција за зачувување на единствената локација под УНЕСКО во државата. Петицијата до сега е потпишана од 16.167 луѓе кои бараат власта да се повлече од намерата за реализација на проектите, вклучувајќи го експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, скијачкиот центар на Галичица, новата елитна населба во Студенчишко блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа.

„Сите ние го имаме правото и должноста да го зачуваме ова наследство и да го пренесеме на идните генерации, не само во Македонија, туку и на следната генерација во светот. Затоа ја започнавме кампањата, барајќи мораториум на овие деструктивни проекти и целосна имплементација на законот за управување на природното и културно наследство во регионот на Охрид“, се вели во онлајн петицијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

УНЕСКО потврди: Палати и древни џамии се оштетени во нападите врз Иран

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид