„ВРЕДИ уште еднаш го потврдува својот јасен став: нашата борба е за затворање на казината и заштита на семејствата, додека ДУИ се уште е составена од истите луѓе што отвараа казина, а денес глумат морални револуционери. Во досегашниот период Владата на ВРЕДИ успеа да затвори 226 нелегални он-лајн казина, кои се блокирани само во последната година, а активноста во секторот е намалена за 40%. Тоа се спасени буџети на семејствата и потенцијални зависници“ соопштија вечерва од Коалицијата ВРЕДИ
Велат „Казината не се развој, туку разурнување. Ние не сме дел од стариот систем. ВЛЕН ја продолжува својата борба против коцкарскиот бизнис, како во сегментот на онлајн коцкањето, така и преку подготовка на нов рестриктивен закон. Тоа ги плаши ДУИ. Тоа го плаши Блерим Беџети“.
„Го прашуваме Блерим Беџети: Во колку казина тој има свој удел и од колку казина црпи личен приход?
Кои казина беа под негова капа, а кои под капа на Артан Груби?
Колку апарати за казина купија за време на нивната власт од државен буџет?
Каде е другар му Артан Груби? А каде е Перпирим Бајрами?
Каква е соработката на ДУИ со српското и црногорското подземје на кое им доделија лиценци за казина?“ прашуваат од ВРЕДИ,
Според нив, „ДУИ 20 години ја користи коцката како банкомат, отвора, финансира и шири. Граѓаните јасно гледаат кој е на страната на семејствата, а кој на страната на облогот“.