ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Од:

За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина. Се сретна повеќе пати со српските власти отколку со косовските, велат од ВРЕДИ.

– Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а беше и редовна „кореографијата“ на прошетките и вечерите со Александар Вучиќ.
На Албанците им понуди само селфи-дипломатија, заглавени европски интеграции и маркетинг за себе.

Бујар Османи е посреќен со српски дипломати околу себе, отколу со свои сограѓани од Чаир. На никого му нема помогнато, на никого од Чаир му се нема најдено, на никого му нема одговорено на телефон. Во Чаир, Бујар нема помогнато за ниту едно ново училиште, го немало кога се граделе улици и пробивале булевари, го немало кога се правеле градинки и игралишта.

Бујар Османи го интересира својата кариера, добрите релации со Белград и шансата да остане во политика. Во еден мандат да се сретнеш повеќе пати со Белград од со Приштина зборува за тоа дека Бујар Османи заборавил од каде доаѓа и кои се негови луѓе.

Чаир не е аеродромска чекална за ничија кариера. Чаир е дом што заслужува градоначалник кој носи инвестиции, чисти улици и сигурни училишта, а не човек чиј единствен резултат е дебела фото-архива со српските лидери, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети го отворија патот за слобода на Сашо Мијалков – симболот на заробената држава

А1он

ВРЕДИ ќе учествува на лидерската средба, коалицијата поддржува укинување на техничката влада

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми