ВРЕДИ: Артан Груби и Перпарим Бајрами се симболи на една империја изградена врз корупција

Од:

Со поништувањето на договорот помеѓу компанијата „ХЕЈ ДООЕЛ“ и Државната Лотарија, се отвора пат за одговорност на сите оние кои профитирале преку оваа шема на корупција. Им упатуваме повик на обвинителството и другите инстанции да преземат соодветни чекори за целосно расветлување на овој срамен скандал кој нанесе големи штети врз нашето општество велат преку соопштение од коалицијата ВРЕДИ.

– Артан Груби, како глава на овој распаднат систем, и Перпарим Бајрами, неговата десна рака во индустријата за коцкање, се симболи на една империја изградена врз корупција, која ги крши правата на чесните граѓани на оваа земја.

Овие индивидуи, тесно поврзани со раководството на ДУИ, проектирале иуправувале со структурирана мрежа со цел лично богатење и на нивните најблиски. Уверени сме дека ова е само врвот на ледениот брег. Секој чекор кон уништувањето на оваа империја изградена врз коцкање и корупција, е важен чекор за правдата.

На правосудните органи и обвинителството им е отворена вратата за да ги изнесат пред правдата оние што ја изградиле оваа шема. Нема враќање! Ќе се бориме до крај против оваа епидемија на коцкање и корумпирани шеми на политичките казиномани. Артан Груби и Перпарим Бајрами, заедно со сите оние кои профитирале преку овој валкан пат, ќе одговараат пред правдата и пред народот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

„ВРЕДИ“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe – Блаце, но донесе само лаги

А1он

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ВРЕДИ: Од “Пациент“ до милионски тендери, мрачното досие на Бујар Османи