Во Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Во областа на воспитанието и образованието наградата годинава му се доделува на фолклористот Марко Китевски, во областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат музичкиот уметник Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Стојчевска и театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова.