Врачени уверенијата на новоизбраните членови на Советот на општина Гевгелија

Од:

Единаесет новоизбрани членови на Советот на општина Гевгелија, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ги примија уверенијата за извршен избор. На врачувањето на уверенијата претседателот на општинската изборна комисија Ѓорѓи Чавдаров им порача да работат во интерес на жителите на општина Гевгелија и за нејзин позабрзан економски развој.

Новоизбраните осум членови во Советот на општина Гевгелија од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ, не присуствуваа на свеченоста на врачувањето на уверенијата за извршен избор што ја организираше општинската изборна комисија.

Советниците од опозицијата, како што соопшти претседателот на ОИК Чавдаров, уверенијата ќе ги добијат по пошта.

Новиот Совет на општина Гевгелија кој брои 19 членови, ќе го сочинуваат советници само од двете најголеми политички партии кои уште во првиот круг од локалните избори на 24 март ги освоија советничките мандати. им/рп/17:33

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември