Врачени наградите „13 Ноември„ на Градот Скопје

Од:

Градот Скопје ги врачи наградите 13 Ноември на овогодинешните добитници синоќа во Македонската опера и балет, на одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје.

Наградите ги врачи градоначалникот Коце Трајановски кој рече дека и по 71 година од ослободеувањето на Скопје, 13 ноември не го губи значењето како еден од најзаначјните датум во поновата историја на главниот град на Македонија.

– 13 Ноември сé уште е симбол на слободата, мирот и достоинството на граѓаните од сите националности, но и почеток на забрзан развој, на креативен подем, но и на засилена урбанизација. Иако, има уште многу да се изгради, уреди и дополни како урбани содржини, сметам дека денес скопјани се горди на својот град и на условите за заедничко живеење. Ние не запираме на постигнатото, затоа што на сите нивоа на власта постои очигледна решеност да се искористат сите постоечки ресурси за достигнување на идеалот за модерно, современо и европско Скопје, а пред сé да се создаде град соодветен за брзиот начин на живот на 21-от век, рече Трајановски и додаде дека обврска е на идните генерации да им се остави град во чиј лик ќе  препознаваат висок степен на ангажман, односно да им се пренесе енергијата на посветеност кон потребите на граѓаните, како што тоа го направија претходните генерации неимари.

Годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година се Димитар Мирчев и Беким Кадриу од областа на науката и публицистиката, од областа на образованието и воспитанието Баки Бакиу, од областа на културата Џабир Ахмети и Братислав Димитров, од областа на уметноста и архитектурата  Јелена Жугиќ и Јован Стефановски–Жан, од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност Поликсена Илиоска и Гордана Петрушевска, од областа на спортот Стојна Вангеловска и Игор Стефановски и за ученици и студенти Марко Младеновски.

Во името на добитниците, пред присутните се обрати Димитар Мирчев, кој се заблагодари за ова високо признание и на присутните им го честита 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.

– Скопје како главен град на Република Македонија во изминативе 71 година стана центарот на творештвото и развојот, каде се остварени многу дела во многу сфери: културата, спортот, уметноста и науката. Ние сме горди што имавме можност да дадеме мал придонес во овој развој. Денес, Скопје претставува една модерна европска метропола, изјави Мирчев.

Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, се одржа  концерт на првенците на Македонската опера и балет.

Во рамки на активностите за одбележување на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, во трговскиот центар “Сити мол” се одржа концерт на хоровите, вокалните групи и оркестри на повеќе средни училишта на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух