Врачени договори за работа на 400 полициски службеници

Од:

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска во Центарот за обука во Идризово им врачи договори за работа на последната генерација 400 кандидати за полициски службеници кои успешно ја заврачиршија 12-месечната обука.

Честитајќи им на новите полициски службеници, Чавков нагласи дека очекува во извршувањето на нивната работа да направат граѓаните да се чувствуваат безбедно, а секојдневните задачи да ги извршуваат чесно, пожртвувано и професионално. Вие, рече, ќе бидете една од најважните алки во борбата против криминалот и корупцијата, но и во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи и законитото постапување.

– Да не се приклонувате на каков било вид дискриминација вклучително и политичка. Одлика на професоналците е еднаквост на сите без оглед на каква било припадност или определба на граѓаните, им порача министерот Чавков.

На доделувањето на договорите за работа, Чавков истакна дека развојот на полицијата ќе се темели на четири главни столбови и тоа управување со ресурсите, работа на полицијата со заедницата, успешно справување со криминалот и учење и развој.

Потсетувајќи дека по изборите во 2006 година се започнати интензивни реформски процеси во МВР, а до 2015 година се реализирани многу проекти во делот на јавната безбедност, Чавков подвлече дека ќе продолжат да ги зајакнуваат институционалните капацитети и ќе бидат генератори за воспоставување институционални форми за координација и партнерство со останатите државни субјекти, како и со приватниот и невладиниот сектор за зајакнување на вкупните национални капацитети за превенција и борба против организираниот криминал и тероризам.

Тој меѓу другото информира дека од 2007 до 2015 година разбиени се 186 организирани криминални групи со вкупно 3.027 физички лица како припадници на тие криминални групи и 102 правни лица.

– Нашата земја исто како и земјите во западните демократии како никогаш досега е соочена со комплексни безбедносни ризици предизвикани од различни фактори: променливи форми на радикализација и тероризам, насилен екстремизам, организиран криминал и корупција, проследени со мигрантска криза невидена на овие простори со децении, рече Чавков, додавајќи дека дополнителна тежина дава и политичката криза во која се наоѓа РМ и оттаму, оцени, доаѓа потребата да се вратиме на патот на реформите и напредокот.

Чавков истакна дека МВР нема да се бори, како што рече, само за имплементација на владините политички и стратешки цели, туку фокусот на делување ќе биде насочен и кон придобивање на општата согласност од јавноста и нејзина поддршка за напорите во зачувувањето на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

– За да ги реализираме нашите цели со врвен квалитет ќе ги спрегнеме сите сили за враќање кон реформскиот курс и развојот на полицијата согласно утврдените претпоставки за интегритетот на полициското постапување преку нула толеранција за корупција и за несоодветно однесување на полициските службеници, како и свртување кон превенцијата како есенцијален сегмент во полициското работење, рече министерот за внатрешни работи и подвлече дека и борбата против корупцијата во редовите припадниците на МВР останува клучен елемент во градењето на полицискиот интегритет.
На новинарско прашање за изјавата на неговиот претходник Оливер Спасовски дека некои од кандидатите кои денеска добија договор за работа имале кривични досиеја, Чавков потенцира дека тие информации не се точни.
– Ако биле точни, мојот претходник можел да иницира постапка за да го прекине договорот за обука. За кој било поединец нема утврдено безбедносен ризик за да неможе да биде припадник на полицијата, одговори Чавков.
Одговарајќи на прашањето што ќе се случвуа со кадровските решенија од неговиот претходник, министерот Чавков се осврна на решенијата потврдени од Вишиот управен суд и потенцира дека има одговорност деновиве, како што рече, да ја реализира последната владина одлука.
Што се однесува до случајот на Горан Грујовски, министерот Чавков најави дека за тоа ќе одлучи правната служба во МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он