Вработените во Пошта ќе добијат регрес само за две години и тоа двојно помал

Од:

Вработените од АД „Македонска пошта“ денеска ќе добијат регрес за годишен одмор, но само за 2016 и 2017 година и тоа во износ од 6 илјади денари. Ваквата одлука на раководството доаѓа согласно колективниот договор од 2016 година со кој регресот на вработените се намалува за 50 отсто.

Промената на колективниот договор е направена од страна на синдикатите на компанијата и менаџментот и нималку не им оди во прилог на вработените кои се разочарни од одлуката регресот за 2016 и 2017 година да им биде преполовен.

Тие велат дека воопшто не се задоволни од ваквиот исход, но барем засега престанал притисокот кој им бил вршен од страна на менаџментот да потпишат изјава дека нема да ја тужат компанијата за неисплатениот регрес.

Засега нема информации кога вработените од Пошта ќе го добијат заостанатиот регрес за неколку години и по колкав износ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов